
– Од вашите посебни ќелии секој од вас може да види половина од моето кралство низ кое се распространети 10 или 13 села. Секој ден во 5 часот попладне на секој од вас ќе дадам можност да ми го каже бројот на села во моето кралство. Доколку вашиот одговор е точен ќе бидете ослободени. Но доколку вашиот одговор е погрешен двајцата ќе бидете убиени. – кажал кралот.
На 5-тиот ден двајцата сте ослободени. Колку села има во кралството на кралот и колку села гледа секој од вас? Како знаете?
Корисни информации:
– Селата може да се нееднакво распространети низ кралството.
– Не можете да ги видите селата кои ги гледа другата личност и обратно.
– Секако, не комуницирате со другата личност иако двајцата знаете дека сте умни индивидуалци.
– Умен индивидуалец е оној кој разбира логика.
Одговорот ќе биде објавен наредната недела.
