Европската унија го укинува роамингот за сите корисници на мобилни телефони во рамки на своите граници. Тоа значи дека жителите на ЕУ веќе нема да плаќаат посебни цени за разговорите кога не се во сопствената земја, односно корисниците во странство ќе ги плаќаат цените од своите тарифи во матичните земји. Оваа мерка важи исклучиво за земјите членки на Европската Унија. Европските државјани одговорија позитивно на одлуката. Некои од нив во минатото се соочувале со сметки кои достигнувале и 100-ци евра.
Аналитичарите се согласуваат дека новата регулација на роаминг корисниците најмногу ќе ја почувствуваат на говорните повици и СМС пораките, меѓутоа предупредуваат дека е потребно да бидат внимателни затоа што за мобилниот интернет и пренос на податоци може да имаат трошоци кои би можеле да ги изненадат.
Преговорите меѓу европската комисија и телефонските оператори за укинување на роаминг трошокот траеја речиси 10 години. Комисијата гледаше на укинувањето како витален дел за создавање на дигитален внатрешен пазар, но и како еден од неколкуте примери на политиката на ЕУ што како што велат е во согласност со јавното мислење. Откако стапи на сила, од европската комисија излегоа со соопштение каде нагласија дека го гледаат како еден од најголемите успеси на унијата.
