Нов послаб земјотрес утринава во 06:18 минути ја стресе југозападна Македонија. Земјотресот беше со интензитет од 2.2 степени според Рихтеровата скала и истиот беше со епицентар во Охридското епицентрално подрачје.
Земјотресот беше еден од десетиците последователни што се случија неделава. Истиот беше на 6 километри длабочина.

