Кочанска математика. За позајмени 1.000 денари, 24-годишник со иницијали Д.Г., барал да му вратат 100 евра и тоа во рок од 10 дена откако парите ги дал на заем.
Начекал лекомислен или човек во голем зор, па пред да му ги дадат парите, се согласил и за бараната камата. Мислењето го сменил кога дошло време парите да ги врати. Тогаш сфатил дека бараната камата е несразмерно голема , но не наишол на разбирање кај позајмувачот, кој за секоија недела доцнење, му пресметувал по нови 50 евра камата.
На крај, кочанецот за долг од 1.000 денари, вратил 250 евра, но случајот го пријавил и во полиција.
Од денес позајмувачот е со кривична пријава за лихварство.
Извор: СтарТВ Штип

