
22.Јуни.2017 Македонска Каменица | kamenica.mk
Градскиот базен во Македонска Каменица за претстојната летна сезона ќе започне со работа од 24.Јуни.2017г (Сабота). Базенот ќе биде отворен секој ден и ќе работи од 10:00ч. па се до 18:00ч. Влезниците ќе бидат со иста цена како и минатата година и ќе чинат минимални 30 денари.

За разлика од минатиите сезони, оваа година базенот е со комплетно преуредени и реновирани тушеви и санитарни јазли, како и целосно реновиран дел за пресоблекување и гардеробери за капачите.

Градскиот базен во текот на целата летна сезона им стои на располагање како на жителите на Македонска Каменица така и на жителите на околните градови од Источна Македонија.

