Демнат нови пожари, а силите одговорни за гаснење во Делчево и Македонска Каменица уште се заглавени во старите проблеми. Па, шумските пожари се гасат со натчовечки напори во услови кога има стара механизација или воопшто ја нема. Ова е предочено на состанокот на надлежните институции одговорни за превенција и заштита од пожари на територијата на Делчево и М. Каменица.
- Немањето соодветни возила кои долги години ги бараме, тоа с епомали возила кои носат по 1-2 тона вода, адаптирани возила, можат побрзо да се движат, можат д авлезат во понепристапни терени со цел навремено да се дејствува, изјави Кире Цоневски, Општина Делчево.
Но, за да се биде експедитивен, пречка се административните процедури, а ниту еден од 10-те багери на ЈП Макеодски шуми не стигнува во Пијанец за да ги исчисти шумските патишта.
- Сложените админситративни услови, не ни дозволува тоа да го направиме на брз начин, за набавка на делови потребен е тендер кој одзема многу време, но и веќе не се произведуваат тие делови кои нас ни се потребни за машините бидејќи се застарени, појасни Јордан Димитровски, ЈП Македонски шуми-Подружница „Голак“ – Делчево.
Еден од заклучоците од состанокот е и едукативни и превентивни средби со месното население
- Да организираат состаноци со месните заедници, за да се изврши едукација на месното население и да се преземат превентивни мерки за заштита од пожари,а договорено е да се активира и локалниот совет за превенција, кажа Драган Балас- ЦУК Делчево.
Заклучоците од состанокот ќе се доставаат до сите институции, а бидејќи од државата противпожарните сили не добиваат со години ништо, од Општините Делчево и М. Каменица ќе с е бара преку проекти да го решава проблемот со опремата. Инаку, Пијанец има 30 илјади хетари под шума, а над 20 илјади хектари се зо загрозеност од прв степен.За последнава година и половина, на оваа територија имало 46 пожари на отворено, само во април и март годинава 28 кои предизвикале штета од 120 милиони денари.

