За година и пол 260 жители на Истокот побарале бесплатна правна помош.
- Најмногу граѓаните бараат правни совети од областа на социјалната заштита, социјалното, пензиското осигурување, имотните односи, прашања за деца и жртви на семејно насилство, под нив се работните односи и најмалку застапени се заштита на жртви на казнени дела, изјави Благица Кирова, правник во НВО Ехо.
Бројката од 260 баратели на бесплатна правна помош е резултат на ниската информираност и слабите познавања на граѓаните на можностите кои ги нуди системот.
- Истражувањето кое што го спроведовме покажува дека лицата што се обратиле кај нас за помош се задоволни од услугите, имаат доверба во здруженијата, многу малку се запознаени со тоа што го нуди системот, до информации доаѓаат најчесто преку медиумите, преку свои блиски кои што веќе побарале помош, изјави Благица Кирова, правник во НВО Ехо.
Во меѓувреме овластеното здружение за бесплатна правна помош за Истокот, Ехо, им помогнало на 57 граѓани да поднесат барања за одобрување на бесплатна правна помош.
- Законот за бесплатна правна помош е многу строг и не дозволува секој граѓанин кој што поднел барање кај нас, тоа да му биде одобрено, значи ригорозен е законот, дури поригорозен од законот за здравствена заштита, изјави Благица Кирова, правник во НВО Ехо.
Инаку, бесплатната правна помош е дел од проектот „Пристап до правда во Македонија“, кој е финансиран од Европската унија и има за цел да придонесе кон подобрување на системопт за заштита на човекови права, преку следење на задоволството на граѓаните од правосудниот систем.
Извор: СтарТВ Штип

