Голема свадба по сите старински свадбарски обичаи на 11-та Пијанечко –малешевска свадба ќе прават Љупчо Петровски од Делчево и Тања Димитровска од Симитли. УО на КУД Гоце Делчев одлучил од петте пристигнати апликации годинава по сите старински нишани својата љубов да ја крунисаат Љупчо и Тања.
- Ние пред да ја донесиме одлуката со сите направивме интервју, но пресудно беше тоа што невестата е од Симитли, а Делчево е збратимено со Симитли, изјави Зенил Реџепов, КУД „Гоце Делчев“.
Љупчо Петровски е познат тренер на ЖКК „Клубски –Патриот“ кој во 2013 година го освои и Купот на Македонија, а Тања е студентка.За нив била пресудна почитта кон традицијата, а обичаите во двата збратимени градови, иако ги дели државната граница не се разликуваат многу.
- Сум били на Галичката свадба и сметам дека и оваа Пијанечко-малешевска свадба може да биде бренд не само на ситокот туку и на цела Македонија, вели Љупчо Петровски.
- Ова е многу убава традиција. Денес многу нé се чуваат старите свадбраски обичаи , јас многу добри ги познавам обичаите и нема многу разлика во обичаите овде и кај нас, кажа Тања Димитрова
Главната имплементација на свадбата ќе се случува на 2 септември
- Главната имплементација на свадбата оваа година во часови ќе биде променета, ќе започне во 15 часот, по што ќе има дефиле, па венчавање во црквата Св Богородица, појасни Реџепов.
Инаку, традиционалната Пијанечко-малешевска свадба е дел од 41-то издание на Меѓународниот фолклорен фестивал, каде е најавено учество на 15 фолклорни друштва од Македонија и странство. Организатор на оој празник на фолклорот и традицијата и оваа година е Куд „Гоце Делчев“, покровител е Општина Делчево, а манифестацијата е поддржана од Минситерството за култура.

