Почитувани сограѓани:
Поради намалениот доток на вода како и поради големата потрошувачка од страна на граѓаните, ЈП „Камена Река“ во водоснабдителниот систем се активирани повеќе изворни места при тоа можно е да дојде до локални заматувања. Иако досегашните анализи покажуваат дека водата одговара на правилникот за вода за пиење, сепак како превентива ЈП „Камена Река“ излегува со временска мерка – водата пред конзумирање да се преврива 10 минути. Оваа препорака важи до стабилизирање на состојбата. ЈП Камена Река превзема активности и очекуваме во најскоро време целосна стабилизација.
Ви благодариме за вашето разбирање, соработка и подршка!
