Дури 15% од младите Американци во оваа возрасна група досега немале ниту еден сексуален партнер.
Колку за споредба, младите луѓе родени во 60-тите години на минатиот век, на таа возраст биле сексуално неактивни во само 6% од случаите.
Последната генерација која била толку сексуално неактивна е генерацијата родена во 20-те години, чии припадници во своите дваесетти години ја преживувале Втората светска војна.
Инаку, овие трендови не се однесуваат само на САД. Во Западна Европа тинејџерската бременост е во голем пад.
Во Велика Британија, во 2014. година евидентирани се 23.000 случаи на тинејџерска бременост, бројка која последен пат е забележана пред 45 години.
Ваквите резултати научниците сметаат дека произлегуваат и од посредството на социјалните мрежи, познато како „Фајсбук ефект“, во кое малдите се повеќе се дружат преку екран, а помалку на улица, така што теоретски помали се шансите се случајна средба, лице в лице.
