
На последните контролни средби одиграни во минатата среда младинците на ФК Каменица САСА ги надиграа своите лути ривали од соседно Делчево. Беа одиграни три натпревари според возрасните категории. Во сите победа однесе домашната екипа, при што младинците од Каменица комплетно го надиграа противникот и ја покажаа својата надмоќ на теренот.

За тоа говорат постигнатите резултати и во овие три натпревари, што се повеќе младинците на ФК Брегалница ги прави редовни муштерии на каменичани:
2005/06 САСА – Брегалница 6:1
2007/08 САСА – Брегалница 3:2
2009/10 САСА – Брегалница 2:0

Тренер и ментор на младинските (детски) категории во клубот од Македонска Каменица, Стојче Милошевски е задоволен од играта на младите фудбалери. Истакнува дека упорноста во претходниот тренажен процес вродува со плод, а успесите и добрите резултати допрва доаѓаат. Неколкуте одиграни контролни натпревари против нашите лути ривали, екипата на ФК Брегалница од Делчево го потрврдуваат кажаното и сработеното, истакна за kamenica.mk тренерот на сите три детски категории Стојче Милошевски.

