
Утре, недела 03. Септември со почеток од 16:30 часот на градскиот стадион во Макеонска Каменица ЖФК Каменица – САСА ќе го одигра својот прв официјален натпревар. Во првото коло како дел од Првата женска фудбалска лига, девојките под водство Зоран Златковски, тренер на екипата и Шеф на стручниот штаб, ќе се сретнат со еден од најголемите фаворити за освојување на прво место во лигата, екипата на ЖФК Драгон од Скопје.

Неколкуте одиграни досегашни натпревари во контролниот-подготвителен период покажа дека во Каменица има потенцијал за развој на женскиот фудбал и амбиции за постигнување на одлични резултати во иднина. Вкупно тренираат околу 40 девојки во младинска и сениорска конкуренција. На тимот му се приклучија и неколку засилувања од други екипи во регионот.

Утрешниот натпревар е особено значаен за сите љубители на фудбалот, бидејќи за прв пат во градот ќе се одигра еден натпревар во женски фудбал. Затоа ве покануваме сите вас, да бидете на трибините, за да ги позравиме и бодриме девојките кои пишуваат историја и спортски белег на градот и оваа сезона повторно го враќаат прволигашкиот фудбал на терените во Каменица.

