Делчево ќе го слави брендот- пијанечката слива. Во рамките на одбележувањето на Денот на ослободување на Делчево и Денот на независноста , Општина Делчево ја подготвува традиционалната манифестација „Пијанечки днеови на сливата“, но и 6-то издание на меѓународниот Фестивалот за афоризам и карикатура, каде е најавено учество на еминентни афористичари и карикатуристи.

- Во „Пијанечките денови на сливата“ како и секоја година учество ќе земат локални бизнисмени кои се директно вклучени во производство и преработка на сливата,локалните училишта и заинетерсирани граѓани кои имаат желба со своите пориоизводи да се претатсават пред граѓаните на штандовите, изјави Тони Стоименовски, Општина Делчево.

Освен ова, утре во попладневните часови, делчевци ќе можат да се вратат и во минатото и да се потсетат на животот од пред повеќе од 50-години со афирмирање на боемскиот живот и старото корзо.
- Подготвуваме изложба на стари фотографии од градот целта е да се потсетиме на Делчево низ историјата и да се потсетиме на стариот боемски живот на Делчево Во делот на угсотитеслтвото ќе ставиме имптровизирани кафани и со стара музика да го доловиме како било Делчево низ годините наназад, кажа Стоименовски.

Во рамките на манифестацијата, учениците ќе можат да научат како се пишува афоризам и се црта карикатура, а ќе има изложба и на карикатури „Черчил низ карикатурата“ на авторот Миро Ѓеоргиевски.

