Ранохристијанска базилика од 5-6 век е откриена на локалитетот Илина црква над делчевското село Ѕвегор. Иако дивите копачи значително го уништиле сакралниот објект,сепак, неговите остатоци им дале доволно податоци на младите археолози од Факултетот за археологија при УГД кои под менторство на професорите Нацев и Стојановски, изминативе два месеци истражуваа во Пијанец во рамките на проектот „Пајонски утврдувања и населби во Брегалничкиот басен“
- Направивме едно сондажно истражување и констатиравме дека не се најдени траги на пајонската култура на Илина црква. Целиот комплескс е едно мало утврдување од кое се сочувани само тргаите на ранохсристијанството, додека другите објекти се унишетени од ерозивните процеси, други артефакти не се откриени, изјави проф д-р Трајче Нацев, УГД.

За разлика од локалитетот Илина црква на локалитетот Калиште кај делчевски Град, распорстранет на неколку десетици хектари, се најдени траги од животот на Пајонците ос 8 до 6 век пред нашата ера.
- Овие истражувања ни ги потврдија фактот од минатите истражувања дека епитетот Град кој го има селото го заслужува потполно бидејќи многу ретко во Пијанец имаме локација, населба каде има долг континуитет на живеење почнувајќи од енеолитски период, брзонено време, материјална култура од Пајонците од 8-6 век п.н.е., железно време, кажа Нацев.

Со овие откритија на археолозите ги завршија годинешните истражувања на Факултетот по археологија од Штип. Претходно, се истражуваше Киселичката пештера каде беа откриени податоици за живот уште од доцната бронза и раното железно време,но и ранохристијанската базилика над селото Киселица.

Базиликата кај Киселица, локалитетот Илина црква кај Ѕвегор, како и Калиште кај Град ќе бидат предмет на интерес на археолозите и наредната година.


