
Вчера се одигра редовното второ коло од Втората македонска фудбалска лига. Екипите на Каменица-САСА и Борец одиграа драматичен и жесток дуел пред многубројната каменичка публика. Тежок и тензичен на моменти натпревар кој долго време се играше без гол, со многу шанси на двете страни. Пресудна беше 65 минута кога Андреј Кудијан го постигна единствениот гол, кој им донесе три бода за велешани (0-1). Голот беше постигнат при ситуација во која домаќините судијата да го прекине натпреварот заради укажување помош на повреден играч. Тој го продолжи натпреварот, а гостите ја искористија шансата и ја претворија во водство.

Најзрели шанси за домаќините во два наврата имаше Зоран Златковски, првин во 55 минута, кога ја погоди стативата, и во последната минута од натпреварот, кога гостинскиот голман успеа да го одбрани неговиот удар на самата гол линија. Во второто полувреме, една од многуте изгледни шанси за гол ја имаше и Риад Агуши. Тој испрати силен и прецизен шут, но повторно гостинскиот голман беше поуспешен. За поздравување е особената борбеност и големата мотивираност кај сите домашни фудбалери. Како во старите добри времиња Каменица-САСА одигра добар и тежок натпревар против фаворизиран противник. Покажаа цврста игра и контрола на секој дел од теренот, но наклонетоста на среќата и судиите на страната на гостите беа пресудни за резултатот.

Саса моментално, по две одиграни кола е без победа и го дели последното место на табелата со Хоризонт од Турново. Во следното коло гостува во Струмица, против силната Беласица.

