
Слободен фудбалски викенд за екипата на Каменица САСА од Македонска Каменица. Поради неплатена котизација екипата на Хоризонт Турново е исфрлена од Втора лига – Исток. Според правилата на ФФМ се бришаат сите резултати на оваа екипа од досегашните одиграни натпревари во Втората фудбалска лига – Исток. Денешниот дуел со Саса нема да се одигра.

По оваа одлука табелата во Втора фудбалска лига – Исток би изгледала вака:
1. Беласица 15
2. Брегалница Штип 11
3. Плачковица 9
4.Борец 9
5. Кожуф 7
6. Осогово 7
7. Тиквеш 6
8. Победа Валандово 2
9. САСА 1
