
Екипата на ЖФК Каменица САСА е вистинско пријатно изнанадување на денешниот турнир во фудбал за жени, кој се одигра во Струмица. Тие го залужија таквиот епитет кога во финалето на турнирот, во категорија до 14 години, кадети 2003/05 година, одиграа нерешено против домаќинот Тиверија, во регуларниот дел од натпреварот. Сепак во продолжението од мечот загубија со 4:3, при што мораа да се задоволат со второ место. На овој турнир со свои екипи учествуваа и екипите на Истатов и Њу Јорк од Скопје.

За посебен позрав е успехот на Вероника Николовска. Таа беше прогласена за прв стрелец на турнирот. Ова несомнено е нејзин најголем досегашен успех, како и на екипата на ЖФК Каменица САСА.

