Македонска Каменица 19 Март 2018 година – Својот патронен празник и роденден, 21 Март – Денот на пролетта, ЈОУДГ „Бамби“ – Македонска Каменица ќе го одбележи со бројни активности. Програмата започнува од 09:00 часот со засадување на дрвца и цвеќиња во дворот од детската градинка, а продолжува со пригодна програма исполнета со игри и песна во холот на установата.

Родителите заедно со своите дечиња ќе имаат можност во Домот на култура да ја проследат театарската претстава за деца „Малата сирена“. Станува збор за детска театарска претстава организирана само за дечињата од детската градинка и нивните родители. Претставата е со почеток од 12:00 часот, а заинтересираните родители се замолуваат да бидат пред Домот на култура во 11:45 часот.
Во склоп на активностите по повод Денот на пролетта, а во соработка со ЈП „Камена Река’ и Еколошко друштво од М. Каменица, покрај засадувањето на дрвца и цвеќиња, планирано е и кратко предавање за дечињата, на тема „Зошто треба нашата околина да ја чуваме чиста?“
