
Утре сабота, 31 Март, ФК Каменица САСА на градскиот стадион во Македонска Каменица, против екипата на ФК Победа Валандово ќе го одира редовното 18. Коло од Втората фудбалска лига на Македонија – Исток. Истото 18 коло беше одложено поради лоши временски услови и ќе се одигра утре со почеток од 15:00 часот.
Саса и понатаму се наоѓа на 7. место со 15 бодови, 7 помалце од Плачковица и со 4 бодови пред Осогово.
Мотивацијата во редовите на ФК Каменица САСА е на високо ниво. Желбата, а и потребата од победа на утрешниот натпревар е огромна.
