Пред неколку месеци беше објавено дека Венцислав Симоновски, поранешна легенда на Вардар, живее во мизерни услови за живот, па навивачите од Македонија на англискиот премиерлигаш Ливерпул се вклучија во акцијата да му помогнат.
На собирот организиран од „РедСкаузер“ за натпреварот од четвртфиналето на Лигата на шампиони меѓу Ливерпул и Манчестер сити, беа собрани средства и истите му беа предадени на Симоновски.