Уште една смрт на патиштата на Истокот. 67-годишник од Штипско изгубил контрола над возилото и удрил во сообраќаен знак. Починал на лице место.
Во моментот на несреќата, возачот бил сам во автомобилот, па прашање е дали губењето на контрола над возилото е резултат на невнимание или на возачот можеби му се слошило зад воланот:
- Возеше полека и одеднаш возилото почна да се свижи лево-десно по коловозот и удри во знакот. Мислам дека му беше лошо. веднаш притрчавме на помош и повикавме брза помош и полиција, кажа Џан Демиров, очевидец.
Иако очевидци и брзата помош реагирале веднаш, за жал на штипјанецот не можел да му помогне никој:
- Лицето починало на лице место. Смрт била констатирана од страна на лекар. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип, изјави Гордана Панајотова, портпарол на СВР – Штип.
Од почетокот на годината оваа е петти случај на смрт на патиштата. Претходно, автобус усмрти велосипедист кај Облешево, , жител на Бели излета со автомобилот кај т.н. Тркански мост. Во близина на индустриската зона кај Штип, загина мотоциклист од Свети Николе, а на граничниот премин Делчево почина возач на камино по добиен срцев удар зад воланот.
Извор: СтарТВ Штип


