Полов напад врз лице кое не наполнило 14 години гласи кривичната пријава за момче од кочанско. 22- годишното лице, во кочанската полициска станица го пријавил таткото на малолетничката. Во Медицински центар Кочани бил извршен гинеколошки преглед на малолетничката, при што, било утврдено дека над истата има извршено полов напад. ТВ Стар, според информации од полициски извори дознава дека, малолетничката пред неколку дена, доброволно отишла во домот кај момчето. Тие биле во повеќегодишна врска. По неколку денови, таткото на девојчето го пријавил несудениот зет во полиција. Сепак, надлежните истражни органи од кочанската полиција, преземаат мерки за расчистување на случајот.
