Македонска Каменица 26.06.2018 година – Според денешниот дневен билтен на МВР на Република Македонија, во текот на вчерашниот ден, во Полициско одделение Македонска Каменица, С.С. (62) пријавила дека околу две недели немала контакт со нејзината ќерка Ј.Л. (28). На 13 јуни и се јавила Ј.Л. и и кажала дека била во болница во Гевгелија бидејќи имала здравствен проблем, а престојувала во Стар Дојран со друго лице и оттогаш не можела да стапи во контакт со неа бидејќи телефонот и бил исклучен. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
