Екипа на мобилната царинска единица, завчера во 22 часот на автопатот Гевгелија – Скопје забележале камион „ивеко“ со скопски таблици и во координација со полициски службеници од ГП Богородица, се упатиле по него.
Кај првиот тунел во правец од Гевгелија кон Скопје возачот ги забележал полицајците, го сопрел возилото и избегал.
Во возилото биле пронајдени 44 мигранти, 10 од Сирија, 20 од Пакистан, 12 од Авганистан и двајца од Индија.

