
Македонска Каменица 01.08.2018 година – Во изминатиот период, на градскиот базен во Македонска Каменица, од страна на несовесни „граѓани“ се случува невиден вандализам. Неодговорни лица постојано ги уништуваат поставените лежалки,чадори и останата урбана опрема и инвентар поставени за користење од страна на капачите на базенот.
Цел на вандалите е и урбаната опрема од централното градско подрачје, каде е причинета значителна материјална штета.
Од овие причини, општина Македонска Каменица ќе го засили присуството на општинското обезбедување, а ќе бидат известени и сите надлежни органи. Сторителите кои ќе бидат фатени ќе одговараат за причинетата материјална штета.
Општина Македонска Каменица во соработка со ЈП Камена Река веќе започна со активности за санирање на штетите и бара од граѓаните да се однесуваат одговорно и да не ја уништуваат поставената урбана опрема.



