
Вчера, со почеток од 11:00 и 13:00 часот, се одиграа редовните кола од Регионалните пионерски лиги – Исток. Неочекуван висок пораз претрпеа помладите пионери кои изгубија со 1:6 од соодветната екипа на ФК Тиквеш. Стрелец за каменичката екипа помлади пионери беше Лазе Стојановски од пенал. Филип Гоцевски пак, ги предводеше пионерите кои изиграа 2:2 со соодветната екипа на Тиквеш. Денешниот гол е 4-ти гол за Филип Гоцевски оваа сезона.
*текстот и информациите се преземени од официјалната веб страна на ФК Каменица САСА, истите можете да ги погледнете тука.
