Загадувањето од чадот се шири со километри оставајќи ги да се гушат соседите во и онака загадениот воздух каде ваквите дополнителни извори се капак на се. Ваквиот пример на несовесен сосед кој си го пали ѓубриштето е само еден од многуте за кој граѓаните не знаат каде да се обратат за надлежните да преземат мерки и загадувачот да биде соодветно санкциониран.
За тоа каде да се обратат граѓаните став побаравме и од државниот инспекторат за животна средина од каде ни посочија дека треба граѓаните да побараат на интернет телефонски контакти од инспектори кои се во рамките на нивната општина или да пријават преку меил.
Се обидовме да го испробаме овој начин на пријавување и се уверивме дека и за нас е тоа навистина комплицирано.
Наместо да бараат граѓаните инспектори на телефони и по меил целата работа за да функционира би требало да има еден унифициран број преку кој службите ќе си ја преземат распределбата кој инспектор да се обрати за да се спречи загадување било да се работи за ниви каде земјоделски инспектори имаат надлежност или во дворови каде треба да реагираат комунални инспектори .
Додека да се воведе унифициран број за пријавување на загадување за кој очигледно постои реално потреба привремено решение според инспекторите би било пријавувањето на телефонот 195

