
Еве што објави ФК Каменица САСА на социјалните мрежи по денешниот неуспех на домашен терен против екипата на ФК Плачковица:
ФК Каменица Саса уште еднаш ги разочара своите верни навивачи. Денес, ФК Каменица Саса беше тим без компас и покрај фактот дека играа со играч повеќе цело полувреме не успеа да ја совладаат екипата на Плачковица од Радовиш. ФК Каменица Саса потфрли на секој можен начин и за жал изгуби два “злато вредни” бодови во борбата за опстанок.
ФК Каменица Саса : ФК Плачковица 0:0
Честитки до екипата на Плачковица за храбрата игра и безрезервната пожртвуваност.
*изјавата во целост е преземана од официјаланта веб страна на клубот

