Македонска Каменица, 30.11.2018 година – Дел од 13. Коло е утрешниот натпревар помеѓу екипите на ЖФК Каменица САСА и ЖФК Тетово, кој ќе се одигра од 13:30 часот на градскиот стадион во Македонска Каменица.
Екипата на ЖФК Каменица САСА по одиграни 12 кола е на шестата позиција на табелата со 21 освоен бод. Се надевеме дека каменичанки утре ќе слават на задоволство на публиката од трибините и љубителите на фудбалот во Македонска Каменица.

