Четири првотимки на ЖКК “Баскет кам” од Македонска Каменица се дел од репрезентативниот состав на Македонија за кошаркарки до 18 години.
Моника Зафировска, Сандра Раневска, Стефани Колева и Бојана Попова се кошаркарките на Баскет Кам кои во националниот дрес ќе земат учество на пријателскиот меѓународен турнир кој од 19. декември до 21. декември ќе се одржи во Букурешт.

На списокот на националниот тим се наоѓаат 16 имиња, кои ќе конкурираат за настап на турнирот. Македонија на пријателскиот турнир покрај со домаќинот Романија ќе игра и со уште неколку други репрезентации.
Имиња кои се најдоа на репрезентативниот список на женската кошаркарска репрезентација на Македонија до 18 години се:

Репрезентацијата ќе тренира во Скопје, со прв тренинг в недела во 16:00 часот попладне во спортската сала „Независна Македонија“ при ОУ „Невена Георгиева – Дуња“.

