
Македонска Каменица, 25.01.2019 година, Денес во ООУ “Св. Кирил и Методиј” Македонска Каменица, по повод распишаниот училишен литературен конкурс ,,Писмо до Дедо Мраз” во училишната библиотека беа доделени дипломи, благодарници и награди на учениците- учесници. Наградите, беа доделени од страна на в.д. директорката Марина В. Стојановска заедно со дел од комисијата, наставничката Зорица Гоцевска и библиотекарот Миле Зафировски, кои истакнаа дека ваквите конкурси и натпревари за учениците се оргснизираат со цел да се поттикне и развие љубовта кон убаво пишаниот збор и читањето кај младата популација воопшто.
Линк до целата фотогалерија.

