
Македонска Каменица, 18.02.2019 година – Во организација на КИЦ „Романса“, ЈОУДГ „Бамби“ и ООУ „Св. Кирил и Методиј“ во Домот на култура во Македонска Каменица, утре ќе се одржи тератарската претстава за деца „Итриот и завидливиот“.
Театарската претстава е наменета за деца претшколска возраст при ЈОУДГ „Бамби“ во Македонска Каменица и за учениците до петто одделение во ООУ „Св. Кирил и Методиј“. Истата ќе биде изведена во два термини. Првата изведба за помалата група е со почеток од 09:30 часот, додека повозрасните ќе ја следат претставата од 11:00 часот во Домот на култура во Македонска Каменица.

Директорот на КИЦ „Романса“, Горан Огнановски ја искористи приликата да нагласи дека Културно информативниот центар во Македонска Каменица, како и во изминатиот период, ќе се потруди и во иднина да им овозможи на најмалите да бидат публика на повеќе театарски претстави и културни настани наменети за нивна возраст. Додавајќи дека, е добро тоа што театарските претстави во договор со образовните установи во градот се организираат токму во Домот на култура, бидејќи со тоа на дечињата уште од најмали нозе одблиску им ја доловуваме културата. На тоа би ги додал и многубројните посети во изминатиот пероид на основци, средношколци и дечиња од градинката, на разни и многубројни настани во Домот на култура. Како таков би го издвоил и последниот таков настан, односно Ликовната изложба на Лена Ѓуриќ. Настан кој покрај огромната посетеност од граѓани на Македонска Каменица, бележи и значителен број на организирани посети од училиштата и детската градинка. – додаде директорот Огнановски.

