Македонска Каменица, 18.02.2019 година – Во организација на КИЦ „Романса“, ЈОУДГ „Бамби“ и ООУ „Св. Кирил и Методиј“ во Домот на култура во Македонска Каменица, моментално се одржува тератарската претстава за деца „Итриот и завидливиот“.
Театарската претстава е наменета за деца претшколска возраст при ЈОУДГ „Бамби“ во Македонска Каменица и за учениците до петто одделение во ООУ „Св. Кирил и Методиј“.
Истата ќе биде изведена во два термини. Првата изведба за помалата група е со почеток од 09:30 часот и е во тек, додека повозрасните ќе ја почекаат следната претстава од 11:00 часот во Домот на култура во Македонска Каменица.




