Нашиот сограѓанин Венцо Велков боледува од заболување на лумбален и друг интервертебрален диск со радиокулопатија и досега за подобрување на неговата здравствена состојба се направени дури 8 операции, но без ефект. Венцо Велков, веќе со години живее во пекол од болки и неможност нормално да функционира.
Единствена надеж за Венцо во овој момент е операција во Аџибадем Систина која ќе чини 13.000-13.500 евра, но ќе бидат потребни и средства за пред и пост-оперативно лекување, средства кои Венцо не е во можност да ги обезбеди.
Она што е алармантно и нешто што го дознав од разговорот со Венцо е тоа дека ако не се направи операцијата, која треба да се изведе во најкраток можен рок, може да настане повреда и кинење на нерв, кој ќе го остави нашиот сограѓанин Венцо Велков без функционална лева нога, со траен инвалидитет.
Затоа, пријатели, помагајте и донирајте на :
143 144 за корисниците на Телеком
(донирате 100 денари со повик)
за корисниците на VIP бројот за донации би требало да биде обезбеден во текот на наредната недела.
