Денеска, на петтата недела од Велигденскиот пост, која Црквата и ја посветува на ,,Света Марија Египетска”, Неговото Преосвештенство епископот Делчевско – каменички г. Марко, во сослужение на свештенослужители од епархијата отслужи Света Божествена Литургија во храмот посветен на ,,Успение на Пресвета Богородица” во Македонска Каменица.
За време на Литургијата верниот народ ги прими божествените дарови, а епископот одржа пригодна беседа толкувајќи ја денешната евангелската перикопа.




