Нашиот Дамјан Стоименовски ја претстави новата емотивна поп-балада „Води ме“
Младиот пејач и композитор Дамјан Стоименовски ја збогати домашната поп сцена со својата најнова нумера „Води ме“.
Станува збор за модерна поп балада која веднаш освојува со препознатливиот глас на Дамјан, зрачејќи со искреност, топлина и длабока емоција.

Песната е резултат на соработката меѓу Toby Tolga Mazhar, кој ја потпишува музиката, и самиот Дамјан Стоименовски, кој со текстот уште еднаш ја демонстрира својата лирска зрелост. За актуелниот и емотивно богат звук се погрижи Андреј Ник, кој е заслужен за аранжманот и продукцијата. „Води ме“ ја доловува суштината на вистинската и нежна љубов.
Визуелното доживување е комплетирано со музичко видео, во режија на Јован Јанкуловски. Снимено на внимателно избрани живописни локации, видеото со својот стил и присуството на мистериозна девојка, совршено ја надополнува романтичната атмосфера на песната.

Со овој проект, Дамјан Стоименовски потврдува дека зад секоја негова песна стои посветеност и емоција која лесно допира до срцата на слушателите.

