Започна санација на ударни дупки и оштетени коловози во Општина Берово
Општина Берово започна со активности за крпење на ударни дупки и санација на прокопи на повеќе локации на територијата на општината, со цел подобрување на безбедноста во сообраќајот и квалитетот на секојдневното движење на граѓаните. Со зафатите ќе бидат санирани вкупно 516 метри квадратни оштетен коловоз.
„Со оваа интервенција директно ја зголемуваме безбедноста во сообраќајот и ги подобруваме условите за движење на сите граѓани“, изјави градоначалникот Петар Ружински, додавајќи дека вредноста на договорот изнесува 998.563 денари и средствата се обезбедени од Буџетот на Општина Берово. Од Општината апелираат до граѓаните за разбирање и внимателно учество во сообраќајот за време на изведбата на работите.
Целата содржина ОВДЕ


