Вечерва ги посетив и истовремено им посакав помалку работа на дежурните служби во Виница кои се задолжени за безбедноста и здравјето на граѓаните на Општина Виница за време на новогодишната ноќ.
Ги посетив дежурните лица во МВР Виница, Итната медицинска служба, Противпожарната единица, Шумска полиција, Основен суд Виница, дежурните во ЈП Солидарност, Метеролошката станица и во Јавното претпријатие Национални шуми, на кои и подарив скромни подароци и им посакав среќни празници.


