Денес, на покана на неговото Преосвештенство Епископот Дремвитски г. Давид и по повод неговиот именден, неговото Преосвештенство Епископот Делчевско-каменички г. Марко чиноначалствуваше со Светата Божествена Литургија во манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во Маркова Сушица – Скопје.
По завршувањето на Литургијата, Епископот Марко одржа вдахновена беседа и упати срдечни честитки до Епископот Давид по повод неговиот именден, посакувајќи му духовна сила, здравје и понатамошно успешно служење во лозата Христова.
По богослужението следуваше братско и радосно заедничарење на верниците со архиереите, исполнето со благодарност и духовна радост.
Нека се умножуваат ваквите благословени собири на молитва и љубов во Христа.


