ВМРО-ДПМНЕ го одбележа празничниот обичај на делење лепче со паричка во Македонска Каменица
Во духот на вековната традиција и празничните обичаи, ВМРО-ДПМНЕ го одбележа чинот на делење на лепче со паричка, како симбол на заедништво, среќа и благосостојба. Настанот беше одржан со особена почит и достоинство, во согласност со традиционалните вредности кои се пренесуваат низ генерациите.

Паричката оваа година и припадна на Невенка Ранова, а од партијата посочуваат дека симболиката на обичајот носи порака за здравје, успех и стабилност во текот на годината.

Во соопштението се истакнува и заложбата за понатамошен одговорен ангажман, воден од идеалите, вредностите и визијата на ВМРО-ДПМНЕ.
