По повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, Каменичката парохија ги поканува верниците на свечениот Богојавленски водосвет, кој ќе се одржи во понеделник, на 19 јануари 2026 година, со почеток во 12:30 часот, на мостот кај храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Македонска Каменица.

Чинот на осветување на водите и спуштањето на Чесниот Крст во водите на Каменичка Река, предвидено околу 12:50 часот, ќе го изврши надлежниот архиереј, епископот Делчевско-каменички г. Марко.
Богојавление – Водици е празник на Крштевањето на Господ Исус Христос во реката Јордан и на јавувањето на Света Троица, ден кога се осветуваат водите и се упатува повик за духовно очистување, покајание и обновување на христијанскиот живот.
Од Каменичката парохија упатуваат повик празникот да се прослави заеднички, со молитва и радост, со желба осветената вода да биде на благослов, исцеление и спасение за сите верници.
Нека е за многу години! Амин!

