Градоначалникот Иван Гоцевски: Активиран Оперативниот план за чистење на снегот во Делчево
Делчево, 22. Јануари 2026 година – По појавата на снежни врнежи вчера попладне, Општина Делчево веднаш ја активираше Оперативната план за чистење на снегот на улиците под своја ингеренција.
Инспекторската служба е постојано на терен, врши увид и обезбедува логистика за економскиот оператор, кој постапува според утврдениот приоритетен план. Веќе се исчистени улиците по прв приоритет, а активностите продолжуваат по другите приоритети сè до целосно нормализирање на сообраќајот во градот и руралните населени места. Екипите на ЈКП „Брегалница“ ги исчистија тротоарите и јавните површини во централното градско подрачје.

Градоначалникот Гоцевски апелира до сопствениците на деловни и станбени објекти да го испочитуваат својот законски придонес во чистење на снегот пред објектите за поголема безбедност на граѓаните.

