Иван Гоцевски: Онлајн средба со дијаспората за возобновување на манифестацијата посветена на Гоце Делчев
Градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски, оствари онлајн средба со претставници на македонските организации во дијаспората, на која се разговараше за унапредување на соработката и за иницијативата за возобновување на манифестацијата посветена на патронот на градот, Гоце Делчев.

Како што информира Гоцевски, континуираната комуникација со дијаспората, вклучително и преку онлајн формати, овозможува поширок фронт за соработка на повеќе полиња. Фокус на разговорите била потребата од современ пристап и содржинско унапредување на манифестацијата.
Тој истакна дека Делчево има обврска да го негува и афирмира ликот и делото на Гоце Делчев и дека со заеднички ангажман со Македонците во земјата и ширум светот може да се врати значењето и видливоста на оваа манифестација.
Градоначалникот најави дека ќе продолжат активностите за иницијативата да добие соодветна реализација, со јасен фокус на квалитетот и обемот на програмата.
