Почитувани сограѓани,
ценети спортисти и спортски работници,
драги пријатели и помагатели на спортот,
Ве поканувам да бидете дел од свечената манифестација „Избор на спортист на годината на Македонска Каменица за 2025 година“, посветена на оние кои со својата работа, труд и резултати го градат и унапредуваат спортот во нашиот град.
На настанот ќе бидат доделени признанија за најуспешните спортисти и спортски колективи, а програмата ќе биде збогатена со пригодни обраќања и културно-уметничка содржина.
Манифестацијата ќе се одржи денеска, на 24 јануари 2026 година (сабота), со почеток во 17:00 часот, во Домот на културата во Македонска Каменица.
Здружението на граѓани “Багери” Ве очекува заедно да им оддадеме признание и поддршка на најдобрите спортски имиња за 2025 година.
Со почит,
Звонко Прангов
Претседател на Здружението на граѓани „Багери“ – Македонска Каменица


