Продолжува акцијата за чиста животна средина во Виница
Во рамки на акцијата „Чиста животна средина во Општина Виница“, денеска беа спроведени повеќе теренски активности за расчистување на јавни површини во градот.
Извршено е чистење на влезот во Виница кај бензинската пумпа „Елго“, просторот околу Кршлаџискиот мост, по течението на реката Осојница, како и на неколку други локации низ градот.
Во текот на акцијата се собрани над шест кубни метри комунален отпад, при што е исчистена значителна површина.
Локалната самоуправа најавува продолжување на ваквите активности со цел подобрување на квалитетот на животната средина и подигање на јавната свест за нејзина заштита.

