
Уште еден интересен конкурс на „Ти имаш талент“. Најдете си модел кој ќе ви позира за да направите црно-бела уметничка фотографија…сликањето направете го во најдобрата резолуција од вашиот телефон или фотоапарат. Дозволено е сликите да бидат обработувани. Сликите и вашите податоци (вклучително и името на моделот), пратете ни ги на мејлот наведен на плакатот…имате право да учествувате со најмногу 3 фотографии. Крајниот рок за прием на дигиталните фотографии е 15-05 2017. По завршувањето на конкурсот здружението ќе ги развие фотографиите во А3 формат и ќе бидат изложени три дена во Дом на културата-Каменица, а потоа стручно жири ќе избере три најдобри фотографии кои ќе бидат наградени.Конкурсот е отворен за деца и млади од 6 до 20 години.
Од “Ти Имаш Талент” ве очекуваат!
