
www.kamenica.mk
Преку 200 деца на возраст од 11 и 9 години беа учесници на првиот детски фудбалски куп “Винеам куп 2017“ на иницијатива и во организација на Младинската фудбалска школа “ФК “Слога 1934“ .
Рекреација со јакнење на натпреварувачкиот дух, дружење и забава, беше целта на купот во кој покрај младинската школа на ФК “Каменица Саса” од Македонска Каменица, учествуваа уште 5 други младински школи: ФК “Слога 1934“; ФК “Фудбал старс“ од Кочани; ФК “Кит-го“ од Пехчево; ФК Валандово“ од с.Миравци и ФК “Младост- Тошев“ од с.Оризари.

Првите три места во генерацијата 2006 ги поделија: 1.ФК “Слога 1934“; 2. ФК “Младост-Тошев“ и 3. ФК “Фудбал старс“.
Во генерацијата 2008 како најсилни на теренот се покажаа фудбалерите на “ФК “Фудбал старс“, втора беше ФК “Каменица Саса“, а трето место освои екипата на ФК “Слога 1934“.
Организирањето на купот беше помогнато од неколку приватни фирми од Виница, кој беше и град домаќин.

