Денес ќе се одигра долгоочекуваната средба меѓу ветераните на Црвена Ѕвезда и Брегалница, по повод откривањето на споменикот на фудбалската ѕвезда Драгослав Шекуларац во Штип.
Најпрво во 15.30 ќе биде откриен споменикот на Шекуларац во паркот пред Факултетот за образовни науки во Штип, по што од 17.30 на Градскиот стадион ќе се сретнат некогашните великани на Црвена Ѕвезда со ветераните на штипските сини.
- Од Ѕвезда доаѓаат браќата Ѓуровски, Шестиќ, Караси, Боровница, Дуле Савиќ, Владимир Петровиќ Пижон, Милосављевиќ, Дарко Панчев, Илија Најдовски, Канатларовски, Банковиќ, Трифуновиќ, Михајловиќ и штипјанецот Драган Христовски, изјави Ванчо Коцев, меѓународен фудбалски судија.
Иницијаторите ги повикуваат љубителите на спортот да го проследат овој настан. Влезот на Градскиот стадион ќе биде слободен.
Извор: СтарТВ – Штип

