Толку многу книги и текстови постојат за различностите помеѓу жените и мажите и сè повеќе се пропагира идејата дека никогаш не можеме да ги ускладиме интересите, освен ако не ги разбереме различностите.
Сепак, колку и да ви се чини спротивно на сè што сте слушнале, овие сличности не’ поврзуваат:
Не сме совршени – Сите очекуваме да имаме совршена мајка, ќерка, девојка, момче, брат или татко, но тоа не е возможно. Престанете да очекувате премногу. Обидете се да ги разберете несовршеностите и да простите.
Стереотипите не’ повредуваат – Стереотипите врз база на половите не’ навредуваат сите подеднакво. Ослободете се од нив и одберете го она што го сакате и дајте им ја истата можност на другите.
Ни треба љубов и почитување – Иако се смета дека на жените им треба повеќе љубов, а на мажите почитување, тоа не е точно. И на едните и на другите неопходно им е подеднакво.
Имаме проблем со довербата – Низ нашите негативни животни искуства сме минале низ голем број на измами, неисполнети ветувања и напуштање. На сите ни треба малку сигурност и утеха од личностите кои ги сакаме и им веруваме.
Несигурни сме – Без оглед дали причина за тоа е изгледот, споредувањето со другите илинедостатоците кои само ние ги забележуваме, сите со себе си носат одредени комплекси.
Имаме чувства – Жените често се сметаат за претерано емотивни, а мажите за нечувствителни, меѓутоа вистината варира.
Имаме цели и амбиции – И мажите и жените имаат исти цели и амбиции. Секој го бира својот фокус, но сите сакаме да бидеме најуспешни во она што ни е важно.
Имаме различни гледишта на успехот – Не мажите и жените, туку општо сите луѓе. Секој го доживува успехот на различен, поинаков начин. Некој сака да биде корпоративен лидер, а некој најдобар родител.
Имаме сопствените ставови – Сите доаѓаме од различни семејства или култури и нормално е да имаме различни ставови и уверувања, но не врз база на полот.
10. Сите плачеме – Не е срамота да ги изразиме чувствата преку солзи. Сите плачат, некои поретко, некои почесто, но солзите на сите ни се прв начин на изразување емоции, уште од бебиња.

