
Настанот се случи синоќа околу 19 часот на градскиот базен во Велес. Причина за истиот е лежалка и чадори за користење во базенот. Скопјанец на возраст од 21 година најнапред бил удрен со шише во глава од страна на непознато лице , пренесува Канал5.
Од ударот момчето се здобило со расекотина на десното око. По ова настанала групна тепачка, поради што интервенирала и полицијата.
